Гром од ведро небо, Црвена ѕвезда го купи Адам Ханга!

Ривалството и големите буџети на кошаркарските евролигаши Црвена ѕвезда и Партизан овозможува натпреварување кој од овие клубови ќе направи поспектакуларен трансфер.

Денеска Црвено-белите објавија дека потпишале договор со искусниот унгарски крилен играч Адам Ханга, кој доаѓа од редовите на европскиот првак Реал Мадрид. Ханга од 2017 до 2021 играше за Барса, а потоа две години мина во Реал со кого ја освои и Евролигата.

Вчера Ѕвезда го доведе и плејмејкерот Милош Теодосиќ, а Ханга треба да донесе искуство и поцврста одбрана во тимот кој доби вајлд-карта за учество во Евролигата.

- Оглас -

Најнови вести