Актуелниот првак во НХЛ-лигата, Тампа беј лајтнинг, доживеа неочекуван дебакл во локалното дерби против Флорида пантерс и загуби со неверојатен резултат од 9:3.
Флорида го постави рекордот за оваа сезона со 9 гола, најмногу досега во НХЛ, а особено расположен беше Џонатан Хубердо со пет поени, односно еден гол и 4 асистенции.
Громовниците од Тампа беа немоќни да ја задржат разиграната екипа на локалниот ривал од Флорида и го претрпеа најтешкиот пораз во оваа сезона.
Дури 15-мина хокеари на домашниот тим имаа барем еден поен, односно гол или асистенција,што е неверојатен учинок.
За Тампа беј гол постигна Стивен Стамкос, легендарниот капитен на шампионот кој има македонски корени, но овојпат и тој и соиграчите доживеаја голем дебакл.