Грците ги загубија навивачите! Историски слаба посетеност на дуелот против Лихтенштајн

Грција киксираше на свој терен и одигра само 1:1 против аутсајдерот Лихтенштајн, во меч од квалификациите за ЕП 2020. Домаќините имаа предност од 1:0, но во 85 минута примија гол и дозволија Лихтенштајн да го освои првиот бод во овие квалификации.

Дуелот се играше на Олимпискиот стадион во Атина кој има капацитет од 70.000 гледачи, но на трибините имаше едвај 1.500 гледачи. Ова е историски ниска посетеност на националниот тим на Грција, која уште пред синоќешниот дуел беше без шанса да се бори за место на завршницата на континенталниот собир.

https://twitter.com/mathtemp/status/1170775824297058306

 

 

- Оглас -

Најнови вести