Грците по победата над Македонија, веруваат во пласман на ЕП

По неочекуваната победа над Македонија, одеднаш грчката спортска јавност почна да се интересира за ракомет, спорт кој нема традиција кај нашиот јужен сосед. Грците прво се запалија кога видоа на нивната национална телевизија кај резултатот како стои кратенката МКД, а по реакцијата, тоа беше сменето.

Сега тие веруваат дека е можно да се пласираат на ЕП 2020, и тоа како една од најдобрите трети (од осумте групи, на завршницата одат четирите најдобри трети), што укажува дека се свесни дека сепак се послаби од две селекции во групата. Ако успеат да ја победат и Турција, особено ако тоа го сторат двапати, или да извадат реми со Исланд, ЕП не им бега.

Разочарувањето во македонскиот тим е големо, скромното издание против Турција не било случајност, загубивме од една Грција, која не е меѓу елитата, за разлика од нас како редовни учесници на големите натпреварувања во овој спорт. Грција никогаш не играла на Европско првенство и тоа доволно кажува од кого загубивме.

- Оглас -

Најнови вести