Грците провоцираат – ќе играат пријателски натпревари против репрезентацијата на Скопје! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија во неделата на ЕХФ ќе одигра две официјални пријателски средби со нашиот јужен сосед, Грција. Дуелите се закажани за трети и четврти ноември во Солун, во 17:30 часот.

Нашата репрезентација веќе го имаше првиот собир, се собраа и Грците, но оттаму пристигнува голема провокација. Според селекторот на Грција, Георгиос Заравинос, тие ќе играат пријателски натпревари против репрезентацијата на Скопје, барем така стои на официјалниот сајт на Грчката ракометна федерација.

„Сега во Солун ја одработуваме првата недела на подготовките за нашиот нов потфат, учеството на ЕП. Оваа фаза е важна за нас и ние ќе играме две силни официјални пријателски средби со Скопје. Важно е за нас да имаме силни пријателски средби против земји што во последниве години биле постојано присутни во финалните фази од европските и светските шампионати“, стои во изјавата на селекторот на Грција пренесена на нивниот официјален сајт. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести