Грците сакале одложување на мечот со Англија, но УЕФА не дозволила

Фудбалската федерација на Грција денеска ја контактирала УЕФА со цел да изнуди одложување на мечот со Англија во Лондон, но средбата се игра и по првото полувреме резултатот е 0-0.

Смртта на англискиот фудбалер Џорџ Болдок кој од пред две години играше за националниот тим на Грција, ги потресе нашите јужни соседи, и сакаа да не го играат мечот со Гордиот Албион, но од УЕФА добиле одговор дека не постои можност за одложување бидејќи нема слободни термини.

Вечерва на „Вембли“ имаше едноминутен молк во чест на покојниот 31-годишен играч на Панатинаикос кој се удави во базен во дворот од куќата во која што живеел.

- Оглас -

Најнови вести