Фудбалерите на Грција имаат водство од 4:0 по првото полувреме против Казахстан во полуфиналниот меч од баражот за пласман на ЕП во Германија. Грците доминираа во сите сегменти од фудбалската игра на „Опап арената“ во Атина и таквата игра им донесе два гола и полека може да се подготвуваат за финалниот меч со Грузија во Тбилиси, кој ќе го даде патникот на ЕП.
Бакасетас во деветтата минута од пенал го отвори резултатот, а Пелкас во 15-тата минута зголеми на 2:0.
Во 37-мата минута Јоанидис погоди за 3:0, а Курбелис ги реши дилемите околу победникот уште во првото полувреме.
Водство по првото полувреме има и Полска, и тоа од 1:0 против Естонија, а згора на тоа, има и играч повеќе по исклучувањето на Паскотси.
Пржемислав Франковски во 22-рата минута ѝ донесе водство на својата репрезентација.
Велс има предност од 2:1 против Финска, а Исланд со два гола за три минути направи пресврт во Будимпешта против Израел и на одмор замина со предност од 2:1.
Единствен меч на којшто нема голови по првото полувреме е тој што се игра во Зеница, меѓу БиХ и Украина.