Вистински хаос имаше во Аргентина на меч од Втората лига меѓу Нуева Чикаго и Алмиранте Браун, а прекините поради тепачки на терен, црвени картони и реакцијата на полицијата и на навивачите беа долги.
Прво се степаа играчите на двата тима во бурниот меч што заврши 2:2, а полицијата успеа дури по 10-минутна битка на терен да ги раздвои завојуваните страни.
Потоа имаше инцидент во кој навивачите на гостинскиот тим Алмиранте Браун ја нападнаа полицијата, па и тука имаше прекин, а гостите добија дури пет црвени картони три во игра, еден за тренерот и еден надвор од терен.
[Argentinian 2nd tier]Wild scenes between Nueva Chicago and Almirante Brown yesterday. Fans attack police, police break up players fighting, and the game was stopped for 10 minutes. The visitors ended the game with 8 men, as well as having a coach sent off, for a total of 5 reds in the match. from soccer