Манчестер сити, Баерн Минхен, Реал Мадрид и Арсенал се четирите водечки фаворити за освојување на фудбалската Лига на шампиони сезонава според квотите во обложувалницата Sport Life.
Бранителот на трофејот, Сити, е прв на листата, а едноцифрени квоти за европски првак има само уште кај Баерн, кај Реал и Арсенал. Потоа следуваат ПСЖ и Барселона, а најмали шанси им се даваат на Копенхаген, Лацио и ПСВ Ајндховен.
Ждрепката за осминафиналето е в понеделник во Нион, а по извлекувањето на паровите, сигурно ќе дојде до одредени претумбации во квотите. Особено интересно ќе биде да се види кого ќе го добијат за противник ПСЖ и Интер, кои се најсилни екипи од вториот шешир на неносители.


