Репрезентацијата на Грузија покажа дека ништо не е невозможно во фудбалот, па дебитантот на Европско првенство ја победи Португалија со 2:0 и обезбеди место во осминафиналето. Најголемата ѕвезда на Грузија Квича Кварацкелија го даде првиот гол против Португалија и го најави големото изненадување, а шлагот за фановите на Грузија беше погодокот на Ѓорѓи Мамардашвили од пенал кога зголеми на 2:0 во 57 минута.
Токму Мамардашвили е новиот херој на Грузија. Младиот 23-годишен напаѓач од тимот на францускиот Мец, не само што даде гол против Португалија, туку тој е единствен кој постигнува гол на ова ЕП во сите три кола од групната фаза.
Против Чешка Мамардашвили погоди истотака од пенал во финишот на првото полувреме за водство од 1:0, а тој е стрелец и на првиот историски погодок за Грузија на големо натпреварување, откако ја затресе мрежата на Турција во поразот од 3:1, во првото коло.
Според статистиката, освен Мамардашвили кој е лидер со три погодоци, има само пет играчи кои може да се пофалат со барем два погодоци. По два гола постигнаа Мусијала, Марин, Гакпо, Фулкрик и Шранц.