Грузија води 5-0 на полувреме, ерменскиот селектор веќе смени тројца стартери

Грузија и Ерменија во 2029 година ќе бидат домаќини на Европско првенство за играчи до 20 години, а овие земји една против друга играат за опстанок во Лига Б од Лигата на нации и јасно е дека Грузија ќе избори опстанок, додека Ерменците одат во ранг подолу.

Но, ова што се случува попладнево во Тбилиси е нешто што ретко се гледа. Грузија предводена од Кварацхелија и Микаутадзе, води со дури 5-0 по првото полувреме.

Ерменскиот селектор Џон Ван Шип беше крајно незадоволен, па откако неговиот тим го прими петтиот гол, уште во 40-та минута реши да направи дури три измени, вадејќи од игра тројца стартери за кои мислеше дека играат најслабо, иако веројатно би ги сменил сите 11-мина.

- Оглас -

Најнови вести