Единствениот дебитант на ЕП, селекцијата на Грузија води со 1:0 по првото полувреме во дуелот со фаворизираната Португалија, во меч од последното коло во Ф групата. Првата ѕвезда на Грузија, Кварацкелија одлично го заврши контранападот изведен и погоди за голема радост на Грузијците и тоа по само 90 секунди од почеток на дуелот.
Доколку Грузија ја победи Португалија, а во вториот меч од оваа група меѓу Чешка и Турција, Чесите не се радуваат (нема голови по првиот дел), тогаш Грузија ќе обезбеди место во осминафиналето и тоа во нивниот дебитантски настап на ЕП.