Грузијска бајка на ЕП: Дебитантот ја победи Португалија и ќе игра во осминафинале (Видео)

Дебитантот на Европските првенства, селекцијата на Грузија ќе игра во осминафиналето откако со 2:0 ја победи фаворизираната Португалија. Со оваа победа и освоените три бода Грузија заврши со четири бода во групата и тоа е доволно да игра во нокаут фазата.

Уште од самиот почеток Грузијците покажаа дека се подготвени за подвиг и по само 90 минути игра, првата ѕвезда во тимот, Квича Кварацкелија даде убав гол за водство од 1:0.

Грузијците се повлекоа целосно, туку паметно се бранеа и преку брзи контра напади повторно го загрозуваа голот на фаворитот.  Тоа им се исплатеше во 57 минута кога беше досуден пенал, а Микаутадзе погоди за водство од 2:0. Голот од пеналот може да го видите ТУКА. 

Во вториот меч од оваа група, Турција со 2:1 ја победи Чешка. Турците од 20 минута беа со играч повеќе откако беше исклучен Барак кај Чешка. Во 51 минута, капитенот на Турција Хакан Чалханоглу погоди за водство од 1:0.

 

Чешка иако беше со играч помалку, не се предаде. Капитенот Соучек даде гол во 66 минута, за тронка надеж, но во судиското надополнување, односно во 92 минута, искусниот Тосун погоди за 2:1 и победа за Турција, а елиминација на Чешка.

- Оглас -

Најнови вести