Грузијците брзо го заборавија нокаутот во Тбилиси, велат дека доаѓаат во Скопје да победат

Грузија доаѓа во Скопје на мегдан на Македонија во одлично расположение по убедливиот триумф против Бугарија во Разград со 5:2.

Дербито на третото коло во нашата група од Сегментот Ц во Лигата на нациите ќе се игра во Скопје задутре на 9 јуни од 20.45 часот, а Грузијците брзо го заборавија македонскиот нокаут во Тбилиси на 12 ноември во 2020 година, кога ги победивме со 1:0 во финалето на Сегментот Д во Лигата на нациите и обезбедивме историски настап на Европско првенство.

„Сакаме реванш, но не се закануваме. Знаеме дека Македонија е квалитетна репрезентација. Сепак, ние сме во добра форма, победата против Бугарија со 5:2 ни ја крена самодовербата и сакаме нов триумф во Лигата на нациите“, изјави Зурико Давиташвили.

Тој беше стрелец на првиот гол во Разград како најава на блескавиот триумф против Бугарија со 5:2, а ќе биде голем адут на Грузијците и задутре на Националната арена „Тодор Проески“.

Грузија е во одлична серија од 7 меча без пораз, од кои шест се победи, а меѓу нив се и триумфот против Шведска, Бугарија, Косово…

Со Вили Сањол како селектор играат добро, но Македонија е фаворит за победа според коефициентите во сите светски обложувалници.

Sport Life нуди квота од 2.30 за единица во Скопје, победата на Грузија се цени со коефициент од 3.30, а за реми понудата е 3.20.

 

- Оглас -

Најнови вести