23.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Грузијците кријат дека големиот адут игра повреден, Русите ги открија

Квича Кваратшкелија остави одличен впечаток на двата меча што ги одигра за Грузија против Македонија, во Скопје беше и стрелец, но неговиот настап на клучниот меч задутре во Тбилиси од 18 часот е неизвесен.

Талентираниот 19-годишен играч за врска на рускиот Рубин Казањ веќе подолго време се мачи со повреди. Имаше проблем со глуждот, што според тврдењата од таборот на Рубин, е повреда од мечот против Македонија.

Во Скопје одигравме 1:1, а Кваратшкелија влезе во игра во 71-вата минута и само 180 секунди подоцна постигна прекрасен гол.

https://www.youtube.com/watch?v=IqzZlXiIZ04

Потоа паузираше еден меч и не играше за Рубин во руското првенство и само што ја санираше повредата на глуждот, има нов проблем со повреда на ‘рбетниот столб.

Грузијците се обидуваат да сокријат дека 19-годишниот екстра-талент има проблем и најавија дека ќе игра против Македонија во најважниот меч во историјата на двете селекции, што носи пласман на ЕП идната година.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести