Грузија е во очај по информацијата дека против Македонија утре во Тбилиси поради позитивни тестови на ковид-19 нема да играат стандардните репрезентативци Квича Кваратцкелија и Леван Шенгелија.
Особено се разочарани што нема да игра грузискиот бисер Кваратцеклија, кој има 19 години, а одигра одлично против нас во Скопје и беше стрелец на единствениот гол во ремито 1:1.
Утре 19-годишниот фудбалер на Рубин Казањ нема да игра во клучниот меч за пласман на ЕП идната година, а навивачите дури прашуваат дали може мечот да се одложи.
„Ова е голема штета за нас. Катастрофа е што нема да игра Квича. Па тој е нашиот најголем адут“, пишуваат во коментари симпатизерите на домашната селекција.
Тоа секако е невозможно, мечот ќе се игра од 18 часот на „Борис Паичаѕе“ арената, а победникот ќе игра на ЕП идната година во група со Австрија, Украина и Холандија.