Второлигашот Спаери направи вистинска сензација со пласманот во прелиминарните рунди од Конференциската лига за следната сезона. Причината за ова е што тимот изненадувачки го освои Купот на Грузија.
Спаери во финалето го шокираше големиот 13-кратен првак Динамо Тбилиси, и тоа на пенали откако во регуларното време натпреварот заврши 2-2.
Во 89-та минута Спаери даде гол за 2-2 и се спаси од пораз. Немаше гол во продолженијата, па мораа да се шутираат пенали.
Во шестата серија играч на Динамо утна и Спаери дојде до историскиот подвиг и стана втор второлигаш во историјата кој го освоил купот на Грузија.