Покрај мечот од Лигата на шампионите меѓу Барселона и Интер, во каталонската престолнина деновиве има и АТП Челинџер турнир, на којшто учествуваат помалку познати тенисери. Сепак, турнирот стана глобално познат поради потегот кој го направи домашниот тенисер Алехандар Давидович Фокин.
Во дуелот против Филип Хорански од Словачка, Шпанецот стигна до тај-брејк во решавачкиот трет сет, но тогаш како да застана. Словакот поведе со 6:0 во тај-брејкот и автоматски стигна до шест меч-топки. Кога требаше Давидович да сервира, Шпанецот реши набрзина да направи две грешки при сервис и го загуби мечот.