Ли Вуд ја одбрани титулата првак во перолесна категорија во ВБА верзијата, откако на спектакуларен начин го нокаутираше својот противник, Мајкл Конлан.
Ирецот Конлан по серијата удари кои ги доби, се претврте низ јажињата и заврши надвор од рингот, а беше пренесен во болница, од каде информациите се дека тој е добар и нема посериозни повреди. Ова се случи во последната, 12-та рунда, откако Конлан беше подобар во првите 11.
За Конлан, ова е прв пораз во кариерата, и веднаш побара реванш.
Leigh Wood's KO of Michael Conlan#boxing pic.twitter.com/AkhkZdspMW
— BoxingVibe (@boxingvibe) March 12, 2022