Губитните тикети ги претворија во добитни со Cash out опцијата на Sport Life (Фото)

Една од опциите кои ги нуди Sport Life е можноста за предвремена исплата на вашите тикети, односно можноста да побарате Cash out пред да завршат сите натпервари. Оваа можност ја искористија двајца редовни играчи, од Струга и Гевгелија, и губитните тикети ги претворија во добитни и добро заработија.

РЕАЛ МАДРИД НЕ ПОБЕДИ, НО СО CASH OUT ДОЈДЕ ДО ДОБИВКА ОД 550 ЕВРА СО УПЛАТА САМО ОД 40 ДЕНАРИ

Играч од Струга направи мајсторски потег и на 45 минути пред почетокот на натпреварот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид почувствува можна неволја и си зеде Cash out од 33.574 денари за тикетот кој го уплати само за 40 денари. Седум натпревари веќе беа фатени на тикетот, а остануваше само уште мечот од Ла Лига, во кој Реал не успеа да победи. Доколку играчот не земеше Cash out, ќе останеше со празни раце бидејќи Валенсија и Реал одиграа само 2-2, а немаше да има ниту утешен ваучер, со оглед на тоа дека тикетот не е уплатен со Sport Life клуб картичка.

CASH OUT НА SPORT LIFE БЕШЕ ДОБИТНА КОМБИНАЦИЈА И ВО ГЕВГЕЛИЈА

Редовен играч на Sport Life од Гевгелија во саботата уплати тикет со седум натпревари за 70 денари. Викендот за него започна одлично и остануваше само еден натпревар во недела, оној на Осиек и Динамо Загреб, но сепак, Cash out на Sport Life уште еднаш се покажа како добитна комбинација, па играчот не сакаше да ризикува и си зеде 19.679 денари за својот тикет. Подоцна се покажа дека направил вистински избор бидејќи Динамо одигра само 1-1 против Осиек, а потребно беше да победи за да добивка.

И овој тикет е само уште еден доказ дека предвремената исплата во Sport Life секогаш е добитна комбинација.

 

 

- Оглас -

Најнови вести