Гудељ го прележа корона-вирусот, Севилја ќе биде уште посилна во атак на шестиот трофеј во ЛЕ

Немања Гудељ го прележа корона-вирусот и вечерва треба да пристигне во Келн и да и се приклучи на експедицијата на Севилја пред полуфиналниот дуел во Лигата на Европа со Манчестер јунајтед.

Ова е голем поттик за рекордерите во Лигата на Европа, во обидот да ја освојат шестата круна и да ја дуплираат предноста токму пред следниот ривал Манчестер јунајтед и пред Јувентус и Ливерпул, кои имаат по три пехари.

Гудељ имаше сиптоми на Ковид-19 и остана во карантин, па не отпатува за Германија и не играше против Рома во Дуисбург.

И без него Севилја беше подобра и ја победи Римската волчица со 2:0 за пласман во полуфиналето, што ќе го играат со Манлестер јунајтед на „Рајн Енерџи“ стадионот во Келн на 16 август од 21 часот.

Следниот ден во второто полуфинале на „Меркур-шпил“ арената во Диселдорф исто така од 21 часот ќе играат Интер и Шахтар.

Финалето е закажано за 21 август во Келн.

 

- Оглас -

Најнови вести