Фантазија гол – Слаломот на Гуедеш им ја измести галаксијата на играчите на Осасуна (Видео)

Гонкало Гуедеш го има најубавиот соло продор во сезоната во Ла Лига и во 12. минута со прекрасна акција што ја почна на својата половина нанижа неколку играчи на Осасуна и постигна гол за предност на Валенсија од 1:0.

Португалецот ја прими топката на 30-на метри од својот гол и тогаш почна неверојатната авантура во стил на најдобрите слаломаши на планетата. Со неколку дриблинзи ги маѓепса противниците, а дури и обидот да биде фаулиран не успеа. Гуедеш падна и веднаш стана, а потоа со завршниот дриблинг ја исфрли целата одбрана на гостите и постигна гол.

Ова е еден од најубавите голови во сезоната, пред се поради начинот на кој Гуедеш мина поголем дел од теренот, а дриблинзите личеа на легендарните соло-продори на Диего Армандо Марадона и на Лионел Меси.

Погледнете го голот на Гуедеш во 12. минута, со кој Валенсија поведе против Осасуна.

https://twitter.com/FroggieWasTaken/status/1274762405390749698?s=20

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести