19.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025

Гуедеш ја спаси Валенсија во последен момент

Валенсија беше на работ на елиминација во Краснодар, но Гонкало Гуедеш им донесе огромна радост на популарните „лилјаци“ со гол во 93-тата минута, вреден пласман во четвртфиналето во Лигата на Европа.

Напаѓачот на шпанскиот тим погоди за спас во вистински час, откако претходно Сулејманов му донесе предност на рускиот тим со прекрасен гол во 85-тата минута. Тоа беше доволно за пласман понатаму, откако првиот меч го доби Валенсија со 2-1, но Гуедеш со израмнувачки погодок за 1-1 ја одведе шпанската екипа во четвртфиналето.

Таму ќе играат и Челзи, по новата убедлива победа против Динамо Киев, и Наполи, иако беше поразен од Салцбург во реваншот. Вечерва, во Украина англискиот тим славеше со 5-0 и со вкупен резултат од 8-0 оди понатаму, а на Наполи му беше доволна првата победа од 3-0 дома, иако вечерва загуби во Австрија од Салцбург со 1-3.

 

- Оглас -

Најнови вести