Ѓулер даде гол од 68 метри, Арбелоа вели дека сега може мирно да умре (Видео)

Сензационалниот гол кој синоќа го постигна Арда Ѓулер на натпреварот Реал Мадрид – Елче, предизвика еуфорија на „Бернабеу“, бидејќи ретко се гледа такво нешто.

Турчинот постигна гол од својата половина, што во Ла Лига не беше видено 15 години. Измерено е дека голот го постигнал од 68 метри што е изедначување на рекордот во шпанското првенство. Овој погодок за паметење станува и сериозен кандидат за наградата „Пушкаш“ за гол на годината.

Со голчиштето на Арда, се комплетираше феноменалната вечер за Кралскиот клуб, бидејќи никој не се повреди пред дуелот со Манчестер сити и играа многу фудбалери од младинскиот состав кои покажаа дека имаат квалитет, но некој треба да им даде шанса во првиот тим.

„Мислам дека можам да умрам среќен по ноќ како оваа. Јањез и Агуадо ги тренирав кога имаа 13 или 14 години, и тоа што можам да им дадам можност да играат на Бернабеу е сон што ми се оствари. На тоа се додаваат Карвахал, типичниот производ на академијата, како и Фран Гарсија, Тијаго, Сезар, Гонзало… тоа е неописливо. Многу сум среќен и горд. Не е само во тоа што ги ставив во игра, туку и како играа. Покажаа огромен талент, квалитет и карактер. Од голот на Арда сите се воодушевивме, вклучувајќи ме и мене. Вреди да се плати за еден, два или три билети за да се види вакво нешто“, рче тренерот Алваро Арбелоа. 

- Оглас -

Најнови вести