Со заминувањето на Лука Модриќ од Реал Мадрид, дресот со број 10 остана слободен, а раководството на клубот одлучи тој да му припадне на Килијан Мбапе, кој досега настапуваше со бројот 9 на грбот.
Многумина сметаат ова е направено од маркетиншки причини, а очекувањата беа дека „десетката“ ќе му припадне на Арда Ѓулер. Сепак, Турчинот сè уште не е толку голема фудбалска ѕвезда за да ја задолжи „десетката“.
„Не сум загрижен за тоа. Сакам само да играм фудбал. Клубот носи одлуки за тие работи“, кусо прокоментира Ѓулер.
За разлика од него, навивачите, посебно поддржувачите на Ѓулер, се бесни на одлуката на Кралевите и посочуваат дека сето тоа е само за пари, а вистинската „десетка“ на Реал Мадрид е токму Турчинот.