Гулит играше и за Феенорд и за Милан, па даде прогноза за вечерашниот дуел

Некогашниот славниот холандски фудбалер, легендата Руд Гулит, даде свој коментар пред вечерашниот меч на Феенорд и Милан од Лигата на шампионите.

Гулит своите најславни моменти ги имаше во дресот на Милан, со кого двапати по ред стана европски првак, но не е многу познато дека тој пред 40-тина години го носел дресот и на Феенорд. Гулит одиграл 85 меча за Феенорд од 1982 до 1985 година, потоа две сезони мина во ПСВ, а во 1987 премина во Милан, каде што остана до 1993.

„Ќе се забавувам вечерва. Милан има повеќе квалитет, но Феенорд дефинитивно има шанси, особено дома. Неколку пати покажаа во Европа дека на својот стадион можат да победат против секој противник“, рече Гулит.

- Оглас -

Најнови вести