Гундоган ги расчисти дилемите: Среќен сум во Манчестер сити

Фудбалерот за врска на Манчестер сити, Илкај Гундоган, истакна дека сè уште има амбиции да игра фудбал на највисоко ниво во следните неколку години. Германецот на 34-годишна возраст покажа дека не губи од својата ефикасност откако постигна два гола во убедливата победа на Сити од 6-0 против Ал-Аин на Светското клупско првенство.

Иако во последните недели се шпекулира за негов можен трансфер во турскиот гигант Галатасарај, Гундоган не гледа причина за промена на средината, барем засега.


„Имам уште една година од договорот и навистина сум среќен тука. Мислам дека тоа им е јасно на сите. Верувам дека сè уште можам да играм на највисоко ниво уште неколку години. Добро се грижам за себе и тоа го докажав минатата сезона“, изјави тој.

Во меѓувреме, менаџерот Пеп Гвардиола неодамна изјави дека во тимот има премногу фудбалери и дека е потребно намалување на ростерот, што дополнително го поттикнува интересот на странските клубови за играчи како Гундоган.

- Оглас -

Најнови вести