Илкај Гундоган ќе продолжи да игра за Манчестер сити. Германецот се врати во Англија минатото лето, откако помина една сезона во Барселона, и потпиша едногодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона.
Според менаџерот Пеп Гвардиола, таа клаузула веќе е активирана и играчот од средниот ред ќе остане во клубот барем до следното лето.
„Гундо има уште една година од договорот. Не знам што ќе се случи летово, но во моментов има уште една година врз основа на договорот“, откри Шпанецот по убедливата победа над Кристал палас (5-2).
Оваа сезона 34-годишниот фудбалер не е секогаш стартер, но сепак има одиграно 2711 минути на 43 натпревари, при што постигна два гола и додаде четири асистенции.