Фудбалерот на Манчестер сити, Илкај Гундоган, зборуваше за својот престој во Барселона во минатата сезона, нарекувајќи ги неговите настапи за каталонците остварување на детскиот сон. Гундоган не освои ниту еден трофеј, заврши на второто место со тимот во Суперкупот на Шпанија и во Ла Лига, а во Лигата на шампионите и Купот на Кралот беа елиминирани во четвртфиналето.
Сепак, тој не гледа на тоа како загубена сезона во неговата кариера.
„Играв за еден од најголемите клубови во светот. Остварив еден од моите детски соништа да играм за Барса и да го носам нивниот дрес. Можеби луѓето гледаат поинаку на минатата сезона и мислат дека не освоивме ништо. Тоа е точно. Но, ако погледнете како игравме, имавме 85 бода на крајот од сезоната, само три помалку од претходната година кога тимот ја освои титулата. Игравме против многу силен Реал Мадрид. Се чувствувам привилегиран што играв за Барселона. Во други околности, можеби работите ќе беа поинакви. Беше тешко, но истовремено и прекрасно искуство. Воопшто не жалам“, изјави Гундоган.
Германскиот интернационалец ова лето се врати на „Етихад“ и повторно е дел од Манчестер сити.