37.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Гурбанов: Шкендија е силен тим, ќе треба многу напор и во реваншот за да ги елиминираме

Тренерот на Карабах, Гурбан Гурбанов, на денешната прес-конференција пред реваншот со Шкендија во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, предупреди дека неговиот тим го очекува тежок и неизвесен дуел.

„Ова е многу важен натпревар. Шкендија е силен и борбен противник, па ќе мора да дадеме максимум. Добро се подготвивме и разговаравме со фудбалерите за сите детали. Во првата средба и двата тима имаа шанси за победа, но ние имаме мала предност. Ќе се бориме до последниот свиреж“, изјави Гурбанов.

Тој откри дека во тимот може да има неколку промени, а најави и дека Матеуш Кохалски е подготвен да настапи.

Реваншот ќе се одигра на утре од 18 часот на стадионот „Тофик Бахрамов“ во Баку, а Карабах има предност од 1-0 од првиот меч во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести