Гурбиндо разочаран од Вардар, му биле давани лажни ветувања

Шпанскиот ракометар Едуардо Гурбиндо, потврди дека си заминува од Вардар 1961 и се сели во Динамо Букурешт, а изјави и дека е разочаран од раководството на скопските Црвено-црни.

Бекот Гурбиндо во минатата сезона играше за Нант, требаше да биде големо засилување за македонскиот првак, потпиша тригодишен договор, но наместо тоа, тој сега е пред официјализација на трансферот во Динамо Букурешт.

„Треба да потпишам за раскин на договорот со Вардар, затоа договорот со Динамо не е официјализиран. Во Вардар ми најавија еден проект, но излезе сосема друго. Не наидов на проектот за кој ми зборуваа пред да дојдам“ – вели Гурбиндо кој ќе си замине од Вардар без официјален настап во црвено-црниот дрес.

- Оглас -

Најнови вести