Ѓуретановиќ постави нов македонски рекорд на 5 км, резултатот е блескав во европски рамки

Македонскиот олимпиец Никола Ѓуретановиќ уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма, откако на вчерашното Државно првенство во далечинско пливање постави нов државен рекорд на патеката од пет километри.

Ѓуретановиќ кој уште нема 18 години имаше историска трка откако исплива со време од 55 минути и 10 секунди. Ова време не само што е апсолутен рекорд во Македонија, но е и второ најдобро време во Европа за пливачи до 18 години. Едноставно Никола исплива врвна трка, уште еднаш покажувајќи дека е наш најголем пливачки потенцијал, за кого предизвик ќе биде настапот на Олимписките игри во 2028 година.

- Оглас -

Најнови вести