Ѓургарден ако сака титула, мора да победи

Ѓургарден – Хелсинборг (фудбал, Шведска прва лига, 19.00 часот)

Домашните во минатото коло загубија од градскиот ривал АИК Стокхолм и привремено го загубија првото место на табелата, но денеска ако го совладаат Хелсинборг, ќе се вратат на врвот со еден бод плус во однос на АИК. Трката за титулата е неизвесна, Ѓургарден нема друг избор освен да нападне, рано да даде гол и да триумфира. Хелсинборг не победил во Стокхолм уште од 2010 година.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): 1 & 0-29 мин. (2.50)

 

Торино – Лече (фудбал, Италија, Серија А, 20.45 часот)

Тука домашните се фаворити, Торино победи во воведните две кола и ќе се обиде со нов триумф да се изедначи со Интер на врвот на Серија А. Лече, кој е повратник во елитното друштво, уште нема освоено бод и уште нема постигнато гол. Мотивацијата кај Биковите е голема, тие ќе сакаат да продолжат во добар ритам и би требало да одиграат доволно ефикасно за нова победа.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): 1+I & 3+ (2.10)

 

Астон вила – Вест хем (фудбал, Англија, Премиер лига, 21.00 часот)

На овие два клуба, боите на дресовите им се слични, но моментната форма и позицијата на табелата им се различни. Вест хем беше во добар ритам пред репрезентативната пауза, имаше две победи и реми, а Астон вила загуби три од првите четири меча по враќањето во елитата. Последните шест меѓусебни дуели на овие тимови завршија со 0-2 гола, сега можеби ќе падне некој гол повеќе.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): 1Х & 2-4 (2.40)

 

Алањаспор – Фенербахче (Фудбал, турска Суперлига, 19.00 часот)

Ова е дерби на колото во Турција бидејќи по три кола, Алања е лидер со максимални 9 бода, а Фенер е трети со седум бода. Фенербахче имаше кошмарна претходна сезона, сега се враќа на вистинскиот пат. Традицијата најавува релативно малку голови и победа на домашниот тим. Кога играа Алања и Фенер во последните сезони, обично победува тој што е домаќин, но пред тоа истанбулскиот тим редовно славеше.

Предлог тип: ГГ (1.60)

 

Динамо Москва – Уфа (Фудбал, руска Премиер лига, 19.00 часот)

Динамо се мачи и оваа сезона, па и денеска има тежок меч. Од последните четири меча, Динамо доби само еден, а загуби два. Од друга страна, Уфа доби две од последните три средби. Динамо на свој терен не знае за пораз од Уфа, а по осум кола има гол-разлика 6-6, што најавува дека не треба да се очекуваат премногу голови.

Предлог тип: 2-3 гола (2.00)

- Оглас -

Најнови вести