Ѓургарден ќе победи на стадионот на кој не загубил 20 години

2604 Сундсвал – Ѓургарден (17.30 часот)

Гостите се големи фаворити на овој меч од шведското првенство кое продолжува после пауза од речиси еден месец. Сундсвал во првите 10 кола има два победи и осум порази, без ниту едно реми. Овој тим даде само 9 гола, а прими 24, и ја има најлошата одбрана во лигата. Ниту Ѓургарден не блеска, има 18 бода од 11 меча, но прими само осум гола. Во последните четири кола, Ѓургарден има две победи, и по еден пораз и реми. Сундсвал дома 20 години нема победа над Ѓургарден, а последен пат се сретнале во 2019 година.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.40)

 

4208 Сан Лоренцо – Тигре (18.00 часот)

Сан Лоренцо е во подобра форма, плус тоа е домаќин, но според квотите, фаворити се гостите. Сан Лоренцо нема пораз сезонава, но во четирите кола има само една победа, и трипати играше нерешено, а нема ни домашна победа во 2022 година. Тигрите освоија четири бода во првите две кола, а потоа претрпеа два порази по ред. Двата тима имаат дадено по 6 голови во четирите меча кои ги одиграа. Последните три меѓусебни дуели на овие екипи беа со 3+ голови.

Предлог тип: Х2 & 2-3 (2.80)

 

2503 Бодо/Глимт – Алесундс (18.00 часот)

Бодо и Алесунд се соседи на табелата во норвешката лига, имаат ист број бодови, но Бодо има и еден меч помалку. Алесунд има серија од четири меча без пораз. Бодо даде 20 гола на десет меча и важи за голем фаворит. Традицијата е катастрофална по гостите. Алесунд на последното гостување кај Бодо беше разбиен со 0-7, пред тоа беше 6-1 за Бодо, а во март годинава кога го одиграа последниот меѓусебен дуеч, беше 3-0 за Бодо.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.81)

 

2507 Стромгодсет – Лилестрем (18.00 часот)

Лилестрем е првопласиран на табелата, нема ниту еден пораз (8 победи и три нерешени), а примија само 8 гола во 11 кола. Домашните се четврти, но имаат десет бода помалку од лидерот, а пред една недела претрпеа пораз од 1-5. Лилестрем е тим кој од крајот на ноември наваму, дава гол на сите гостувања. Стромгодсет дома даваше по три гола на последните три средби, а даде три и против Лилестрем при последното нивно соочување лани во мај. Последните шест нивни дуели беа со гол на двете страни.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.93)

 

4247 Ботафого – Флуминенсе (21.00 часот)

Двата тима имаат многу сличности, двата се од Рио де Жанеиро, двата тима победија во минатото коло, двата тима имаат по 18 бода од 13 меча, и идентичен биланс од пет победи, три ремија и пет порази. Ботафого има многу повредени и суспендирани играчи. Мотиви ќе има на двете страни, а традицијата на меѓусебните дуели најавува тврд меч со малку голови. Последните четири дуели им беа со 0-2 гола. Ботафого на свој терен не победил против Флу уште од мај 2018 година, а Флуминенсе во 2016 последен пат не даде гол на гостувањето кај Црно-белите.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.99)

- Оглас -

Најнови вести