Ѓурѓевиќ ги декласира своите – Тргна како резерва, стаса до хет-трик против Варнсдорф

Фахрудин Ѓурѓевиќ одигра брилијантен меч за Храдец Кралове против својот поранешен клуб Варнсдорф и со хет-трик беше главен актер на теренот.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија влезе во игра во 17. минута, како замена за повредениот Шипек и по само 8 минути првпат се запиша во листата на стрелците. Беше прецизен и во 39. и 54. минута за прв хет-трик во дресот на Храдец Кралове, екипа која го декласира Варнсдорф со 8:0.

Ѓурѓевиќ играше цели пет сезони за Варнсдорф, пред да се пресели во редовите на Храдец Кралове и повторно игра во Втората чешка лига.

- Оглас -

Најнови вести