Фахрудин Ѓурѓевиќ со два гола ги разреши сите дилеми околу победникот на вториот меч од второто коло во македонската Прва лига и му донесе три бода на Работнички во дуелот со Беласица.
Поранешниот младински репрезентативец на Македонија се врати сезонава во ПМФЛ по шест години пауза и најави дека ќе боде големо засилување за Романтичарите.
Ѓурѓевиќ беше прецизен во 38. и во 50. минута за сигурна победа на домаќинот, против Беласица, тим кој сега има примено вкупно 8 голови во стартните два меча во новото првенство.
Струмичани настрадаа во првото коло со дебакл од Силекс од 0:6 на домашен терен, а и сега не успеаја да постигнат гол, па трета среќа ќе им биде дуелот со Шкупи на 23. август.
Работнички се рехабилитираше за стартниот пораз од Македонија Ѓ.П. и ги освои првите бодови во новата сезона на домашната сцена.