Ѓуриќ е првото засилување за Вардар во зимскиот преоден рок

По серијата заминувања во изминатиот период, најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија, Вардар денеска го ангажира првото засилување за пролетниот дел од сезоната кога Црвено-црните ќе борат за опстанок во Првата фудбалска лига.

Српскиот интернационалец Дејан Ѓуриќ (25) е првото засилување за Вардар зимскиот преоден рок. Тој има искуство од играње во македонската прва сезона бидејќи во сезоната 2022/23 настапуваше за екипата на Работнички.

Дефанзивецот доаѓа од грузискиот шампионат каде настапуваше за екипата на Мерами. Ѓуриќ во кариерата има настапувано и за Раднички Сремска Митровица, Пролетер Нови Сад, Жарково

- Оглас -

Најнови вести