Искусниот Стојан Ѓуроски е еден од кошаркарите кои се повратници во националниот тим откако летоска ги пропушти дуелите од претквалификациите за СП, а сега ќе биде дел од првата фаза претквалификации за ЕП 2029.
И тој како и останатите е мотивиран да покаже дека на Македонија не ѝ е местото на европското дно.

„Прекрасно е чувството да се биде дел од националниот тим, претставува задоволство и гордост да се претставува нашата држава. Поради повреда не настапив на последните мечеви, сега сум тука. Мислам дека ќе биде одлична атмосфера, имаме време да ги анализираме противниците. Ги немаме гледано Азербејџан и Ирска, но дефинитивно одиме на победа, без разлика кој е противник. Има неколку повратници во тимот, се знаеме речиси сите, сме играле и со Вајли пред некоја година, нема да имаме потешкотии да се воиграме и спремни сме да влеземе во овој циклус“, рече крилото на Работнички.

