9.8 C
Skopje
понеделник, 8 декември 2025

Гуровиќ: Родители ме критикуваат што им викам на децата, тогаш пуштете ги на шах или балет

Поранешниот српски кошаркар Милан Гуровиќ, познат е како човек кој нема влакна на јазикот, а има своја академија и таму работи со деца. Тој јавно призна дека користи некои методи од „старата школа“.

Кога Жељко Обрадовиќ вика, тој го прави тоа со причина и затоа што сака да се снајдеш добро, а не затоа што те мрази. Нема ништо лично против тебе, туку сака да го извлече максимумот од тебе, ние така го разбравме тоа викање“, рече Гуровиќ во емисијата „Кида шоу“.

Гуровиќ откри дека имал забелешки од некои родители.

Добив критики од некои родители зошто им викам на нивните деца и дека тоа не е убаво. Им велам да одат на шах или балет, таму е мир и тишина, кошарката не е за вас. Имам мурал во мојата сала на кој татко го прегрнува синот со топка и вели: „Сине, ајде да си одиме дома, ова не е за тебе“

Контроверзниот Гуровиќ објасни и дека проблем во денешната кошарка е што има играчи кои не остануваат по тренингот за да работат на својот шут.

„Го молевме Бога салата да биде празна после тренинг, да останеме и да фрламе по 500 пати. Се прашуваме како можат да не погодат шутеви? Па не можат, затоа што не остануваат за да работат дополнително“, заклучува Гуровиќ.

- Оглас -

Најнови вести