Густо ќе биде во трката на Манчестер јунајтед и Барса за недопирливиот бисер на Лион

Манчестер јунајтед и Барселона го следат големиот талент на Лион, Мало Густо, играч што има само 19 години и Лавовите од „Жерлан“ го прогласија за недопирлив.

Тоа значи дека раководството на Лион не сака ни да помисли да го продаде десниот бек, за кого велат дека е нов фудбалски бисер.

Густо има договор со Лион до 2024 година, но Манчестер јунајтед и Барселона чекаат шанса да нападнат за да го ангажираат 19-годишниот дефанзивец.

Француските медиуми објавија дека и Манчестер сити и Пари Сен Жермен го следат развојот на Густо, но во прв ред заинтересирани за негов ангажман сепак се Црвените ѓаволи од Манчестер и Барселона.

Густо веќе втора сезона игра стандардно во првиот тим на Лион.

 

- Оглас -

Најнови вести