Гути до Кварацхелија: Дојди во Реал, ќе ти подарам мој дрес!

Ѕвездата на Наполи, Хвича Кварацхелија, изјави дека е навивач на Реал Мадрид, и дека прв идол му бил Гути, па легендата која играше за Кралскиот клуб од 1995 до 2010 година, го повика Грузиецот да потпише за 14-кратниот европски првак.

„Го засакав фудбалот поради Гути. Кога бев дете, во Грузија не се продаваа дресови со името на Гути на грбот, па со фломастер допишував 14-ка. Кога играв фудбал со другарите, секогаш го носев тој дрес“ – рече Квара.

Кога го слушна ова, Гути испрати порака до играчот на Наполи.

„Дојди во Реал, се надевам дека еден ден ќе заиграш во Реал. Ќе ти подарам еден од моите дресови, нема да мора да допишуваш 14-ка со маркер“ – рече некогашниот плејмејкер на Кралскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести