Легендарниот играч на Реал Мадрид, Гути, откри како ја потрошил својата прва плата од фудбалот. Тој сите пари ги потрошил за да купи мобилен телефон „Сименс“.
„До 17-тата година никогаш не помислував дека ќе играм за Реал Мадрид или дека ќе станам професионалец. Едноставно, го сакав фудбалот. Кога наполнив 18, ми понудија професионален договор и добив малку пари. Си купив мобилен телефон „Сименс“ и беше неверојатно. Бев единствениот во мојот кварт со мобилен телефон. Тогаш заработував околу милион пезети годишно, тоа се околу 6.000 евра денес“, се присети Гути.
„Сега работите се сосема поинакви. Се плаќа и на младинско ниво. Децата кои доаѓаат од други клубови веќе добиваат плата. Претходно, за да добиеш професионален договор или дури и за а ти дадат копачки од клубот, мораше долго време да се докажуваш во првиот тим“, додаде легендата Хосе Марија Гутиерес-Гути.

