Рома победи против Специја на драматичен начин со пенал во 99-тата минута, што го реализира Тами Абрахам, а интересна беше и ситуацијата со вистински карамбол, што ретко се гледа на фудбалските терени.
Во второто полувреме Николо Заниоло во ист напад двапати ја погоди пречката на домашниот гол, а во неверојатната гужва и Абрахам не успеа од еден метар да ја смести топката во мрежата, па домаќините се спасија.
Сепак, на крајот Рома се радуваше на победа и ги освои бодовите со прецизно изведениот пенал на Абрахам.