Алфи Девин е голем талент на англискиот фудбал и само на 15 години веќе направи голем трансфер. Премиерлигашот Тотенхем плати 500 илјади фунти за тинејџерот од Виган и во трката за ангажман на играчот од средниот ред ги победи Лидс, Селтик и уште неколку клубови од Островот што беа заинтересирани.
Алфи беше член на пионерскиот тим на Ливерпул, но во таборот на актуелниот англиски шампион пред четири години не препознаа екстра-талент и му дозволија да си замине.
Виган беше следната дестинација на Девин, кој се развиваше неочекувано добро, па дури и заигра за тимот за фудбалери до 23 години во развојната лига на Англија. Токму по еден меч против Тотенхем, раководството на премиерлигашот одлучи да го купи Девин и тој веќе ги мина медицинските прегледи кај клубот од Лондон и веднаш ќе биде приклучен во младинската Академија.