Гужва во шеснаесетник – ФИФА препорача Мундијал со 48 репрезентации во Катар

Мундијалот во Катар ќе се игра со 48 репрезентации, препорача Советот на ФИФА, денеска во Мајами. Конечната одлука ќе биде донесена на 6. јуни.

Првично требаше новитетот да биде промовиран од Светското првенство во 2026 година, но во ФИФА им се брза, па веројатно веќе во Катар во 2022 година ќе се игра според новиот формат.

Тоа предвидува наместо досегашните 64 натпревари да се играат 80 натпревари. Досега се играше со 32 селекции, а последно такво првенство е во Русија, што се одигра лани летото.

 

- Оглас -

Најнови вести