Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, уште еднаш покажа зошто се смета за најдобар мотиварот меѓу тренерите, и тоа со примерот на Јошко Гвардиол.
Хрватот по периодот на адаптација на Премиер лигата и системот на игра кој го форсира Гвардиол, конечно почна да прикажува игри какви што се очекуваат од него.
Најголеми заслуги за тоа одат на сметка на Гвардиола кој со една реченица успеа да направи ѕвер во одбраната од Хрватот.
„Многу со подобри. На почетокот беше малку збунет што резултираше со губење на голем број топки, но му реков дека дефанзивците мора да играат едноставно и дека тоа е клучот на успесите. Ја сфати мојата порака и почна да игра неверојатно добро. Денеска е тешко да се најдат дефанзивци како него, покажува дека подеднакво добро се снаоѓа и со левата и со десната нога“, изјави Гвардиола.
Гвардиол кој минатото лето пристигна на „Етихад“ во трансфер вреден 90 милиони евра, сезонава одигра 34 меча во сите натпреварувања и постигна два гола, а има и две асистенции.