Гвардиол: Сè уште имам трауми од дуелите со Меси на СП во Катар

Хрватскиот репрезентативец и член на Лајпциг, Јошко Гвардиол, зборуваше за искуството од играњето против Лионел Меси и призна дека сè уште има трауми од нивниот дуел во полуфиналето на СП во Катар.

Аргентина во полуфиналето на Светското првенство што се одржа минатиот месец во Катар со 3:0 ја совлада Хрватска, а најтешка задача на тој натпревар имаше токму Гвардиол бидејќи мораше да го чува еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси.

Меси во неколку наврати лесно го помина и го издрабла Гвардиол, а постигна и еден гол од пенал и имаше две асистенции.

„Ако сакаме да бидеме на врвот, мораме да играме против такви фудбалери. Чувањето на Меси на СП во Катар ми остави мали трауми. Едноставно, Меси е сосема поинаков играч во репрезентацијата отколку во ПСЖ и токму тоа ме изненади“, изјави Гвардиол.

Хрватска на крајот го освои бронзениот медал откако во мечот на третото место го совлада Мароко со 2:1.

„Секогаш е сон да играте за вашата земја, посебно на Светско првенство, иако не бев свесен колку е големо тоа натпреварување и какви играчи и репрезентации играат на него. Имав можност да го завршам настапот во Катар со бронзен медал и како најдобар играч на мечот за третото место“, додаде Гвардиол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести