Манчестер сити и Лајпциг ги договорија сите детали околу трансферот на дефанзивецот Јошко Гвардиол и по денешните лекарски прегледи, Хрватот и официјално треба да стане член на англискиот и европски шампион.
За 21-годишниот Гвардиол, Граѓаните ќе платат 77 милиони фунти (90 милиони евра), што е за три милиони помалку од британскиот рекорд за еден дефанзивец. Досега најголема отштета (сосе бонусите) за еден одбранбен играч плати Манчестер јунајтед кога го купи Хари Мегваер од Лестер.
Гвардиол од Динамо Загреб премина во Лајпциг во 2021 година за 18 милиони, а загрепскиот клуб ќе добие отприлика уште толку и од трансферот на Јошко во Сити.