Гвардиол за дуелот со Меси по кој доби „скршена кичма“: Еден ден ќе им раскажувам на децата против кого сум играл

Јошко Гвардиол дефинитивно е еден од играчите кои го одбележаа Светското првенство во Катар. Младиот хрватски стопер имаше одлични мечеви, многу пати реагираше фантастично и ги спасуваше Коцкестите, но и покрај добрите игри, ќе се памти неговата немоќ во дуелот со Лионел Меси кога Аргентинците го постигна третиот гол во полуфиналето.

Меси буквално 50 метри претрча покрај Гвардиол, а потоа и го помина и на крајот асистираше за голот. Гвардиол вели дека во тој момент се уверил во силата на Меси, но и дека и покрај поразот, е горд што играл против легенда како што е Аргентинецот.

„Тоа беше сјајно искуство иако веќе имав играно против Меси на клупско ниво минатата сезона. Сепак, ова е сосема друг вид на меч. Среќен сум, иако дури и загубивме. Знаеш ли против каков фудблер играв… Еден ден ќе можам да им раскажувам на своите деца дека го чував Меси 90 минути. Се надевам дека следниот пат кога ќе играме против Аргентина, ќе ги победиме“ вели Гвардиол.

Стоперот за кого се проценува дека вреди преку 50 милиони евра, додада дека Меси го цени повеќе од Роналдо.

„Секогаш сум бил навивач на Меси. Кога бев дете секогаш се водеше дебата околу тоа дали Меси или Роналдо е подобар. Дури иако повеќето беа за Роналдо, јас секогаш повеќе сум го сакал Меси“, рече Гвардиол.

- Оглас -

Најнови вести