Гвардиола: 24 часа на ден се грижиме за Халанд

Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, откри дека луѓето од клубот 24 часа на ден се грижат за неверојатниот напаѓач Ерлинг Халанд поради напорниот распоред на екипита.

Халанд игра неверојатно во првата сезона како член на Манчестер сити и досега постигна дури 47 гола во сите натпреварувања.

„Не знам што правеше во Дортмунд, но тука ние го следиме 24 часа, имаме неверојатни лекари и физиотерапевти кои постојано се грижат за него. Тешко е да се разбере зошто да потрошите толку многу пари за играч и потоа да го препуштите на судбината. Не знам што прават другите клубови“, изјави Гвардиола кој рече и дека Норвежанецот голем дел од времето го поминува во тренинг центарот на клубот.

„За Халанд се грижат физиотерапевтите бидејќи доста време поминува во тренинг центарот“.

Менаџерот на Сити, откри дека Халанд нема привилегиран статус во клубот, туку мора да се грижи за сите играчи.

„Мораме да се грижиме за фудбалери бидејќи имаме напорен распоред на натпревари кои се играат на секои три, четири дена. Се грижиме за нивната исхрана, за нивниот одмор, за тренинзите, за нивниот сон…“

- Оглас -

Најнови вести